Ќе летаме евтино: Наскоро субвенции за нови летови од Скопје и Охрид

Македонската влада вети дека ќе го подобри воздушното поврзување на земјата со плановите да започне нова шема за субвенционирање следната година за воведување нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид.

„Донесовме одлука да формираме работна група која ќе ги испита сите можности за зголемување на бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид. Нашата цел е следната година да лансираме нови дестинации кои во моментов не се опслужуваат од Скопје и Охрид. Како резултат на тоа, би дочекале многу повеќе туристи, но и би им овозможиле на Македонците полесно и поевтино да патуваат во странство,“ изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Николоски рече дека Владата ќе започне преговори со авиокомпаниите.

Ќе разговараме со неколку меѓународни авиопревозници кои нудат брзи и евтини летови и убеден сум дека следната година ќе имаме многу повеќе дестинации.

Коментари

Популарно