Почина новинарот Саше Димовски кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем. Димовски почина на 47 годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.
Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Фокус, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
„Најголем правник меѓу новинарите, најголем новинар меѓу правниците“, велат за него.
Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.
Редакцијата на ЗаСе изразува искрено сочувство до семејството Димовски.