Роби Вилијамс се пофали со новите заби: Ги уништив старите со кокаин

Пејачот Роби Вилијамс се огласи на Инстаграм и откри дека неодамна му ставиле привремени протези.

Имено, 50-годишниот пејач изјавил дека неодамна имал консултација на стоматолог бидејќи сакал нови заби, но на крајот излегол со привремена протеза. Во објавата откри и како ги уништил старите заби.

Тој им објасни на обожавателите дека ќе има протези додека не му стават заби за еден месец. Тој напиша дека му се допаѓа како изгледаат и покрај тоа што е изненаден од фактот што толку брзо поминал низ оваа трансформација.

„Во суштина, овие ми беа извесно време нови заби. Можеби некои од вас ги сакаа старите, но запомнете. Добро ме послужија, но јас апсолутно ги злоупотребив. Отворав шишиња со нив, имав дамки од кафе, ги триев со кокаин и не ги миев како што треба во последните три децении. Но, сега е време да продолжите понатаму. Збогум мои мали жолти пријателчиња“ напиша Роби во објавата.

Минатата година на Нетфликс беше објавена документарна серија за неговата кариера и скандалите што го следеа. Тој отворено зборуваше за тоа како неговиот живот излегол од контрола откако ги напуштил „Take That“ и започнал соло кариера. Меѓу другото, во раните дваесетти му била дијагностицирана депресија, а постојано бил рехабилитиран од кокаин, алкохол и бројни дроги.

Коментари

Популарно