Во фејсбук групата „Стари скопјани“ се споделени неколку фотографии од Скопје во 1982 година.
Со посебна носталгија старите скопјани се сеќаваат на ова време, кога немаше толку сообраќај и големи гужви во јавниот превоз.

- Градот беше чист, а јавниот превоз беспрекорен, добро со оние малку (балкански) доцнења, се сеќава една скопјанка.
Денеска сведочиме на хаос во јавниот сообраќај, коментира друг скопјанец кој се сеќаа дека овие години од минатиот век биле, како што вели „златни за Скопје“.
