4 причини поради кои вашето момче нема да ви каже дека ве сака

Една од најлошите работи кои можат да се случат во една врска е кога ќе му кажете на саканиот дека го сакате, а тој не ви возвраќа на вашите љубовни изливи.

Многу жени мислат дека направиле грешка во тој момент и дека тие се виновни за тоа. Но, во овој случај, навистина не е до вас, туку до него. Еве неколку причини поради кои тој не ви возвратил на вашето „Те сакам“.

Не е сигурен во вашата врска

Една од причините поради кои не ги кажал тие две магични зборчиња е поради тоа што најверојатно не е сигурен во вашата врска. Можеби му е потребно уште малку време.

Се плаши од врзување

Мажите често знаат да се плашат од долгорочни обврзување, па затоа е и тешко да ги чуете тие две зборчиња од нив. Тоа не значи дека нема чувства од вас, само се плаши од сите очекувања кои доаѓаат кога на жена ќе ѝ дадете до знаење дека ја сакате.

Можеби веќе ви покажал со дела, наместо со зборови

Мажите искажуваат емоции на сосема поинаков начин и постојат повеќе начини за да ја искажат својата љубов. Страствени бакнежи, држење за рака, искрени прегратки, грижа за вашите чувства се само дел од начините преку кои мажот покажува љубов за жената. Тие не чувствуваат потреба тоа гласно да го кажат, повеќе сакаат да покажат.

Не чувствува потреба да каже дека ве сака

Емоционалните потреби на мажот понекогаш се разликуваат од емоционалните потреби на жените. Додека жената може да чувствува потреба да го каже тоа на глас и да очекува мажот да ѝ возврати, мажот можеби не чувствува дека тие две зборчиња се толку важни. Некои мажи едноставно се такви.

Коментари

Популарно