Заминете на време. Заминете и од својата куќа, дури и ако никој не ве чека. Заминете од забава, од пропаднати врски и од лоши навики. Заминете од мрачните мисли, болните спомени, негативните луѓе или од луѓето покрај вас.
Заминете на време. Не оставајте рани на телото на вашиот живот, не ја заразувајте вашата душа со вирусот наречен „грижа на совест“, кој со неверојатен ентузијазам ве отфрла од сопствениот живот и од самите себе.
Заминете на време, не го гребете цртежот на кревкото платно на вашата судбина. И немојте да газите по туѓа кожа.
Повеќе ценете го сопствениот живот. Заминете на време ако некој го стави својот живот над вашиот, сфатете дека вие, пред сѐ, сте одговорни за својот живот, а дури отпосле за нечиј друг живот. Никој не дошол на овој свет како жртва. Животот од човекот не бара да жртвува големи работи. Не е тешко човек да се изгуби себеси, не е тешко да се претвори во нешто друго, да живее нечиј туѓ живот, да живее во некој друг свет, во некоја поинаква реалност.
Да се пронајдеш себеси – е тоа е тешко. Со залудно жртвување на самите себе, ние не си додаваме сила, туку сами си ја одземаме сопствената животна сила. Научете се навреме да заминувате од различни животни околности и ситуации. Секогаш ќе можете да го препознавате тој момент: верувајте си на себеси, на својата интуиција, не се лажете себеси и не ги лажете другите.
Нема лоши луѓе без оглед на потребата да зборуваме за тоа. Постојат луѓе кои се разликуваат од нас. И нема друга одговорност освен лична.
Сѐ што се случува во нашиот живот се случува со наша дозвола. Ние сме дозволиле нашиот живот да биде онаков каков што е. Ние сме дозволиле сивилото да доминира во нашиот живот, ние сме дозволиле на стравот да се всели во нашата душа, ние сме дозволиле да станеме туѓинци во сопствениот живот.
Погледнете околу себе, затоа што можеби дошло време за заминување. Тешко е човек да си замине, но едноставно е неопходно да си заминеш во вистинското време. Заминете на време од опсесивни илузии и наметната стравови, но и натаму настојувајте да сонувате, да се обидувате. Не се плашете да грешите, затоа што тоа значи дека сте се обиделе. Не се плашете од реакцијата на другите луѓе, затоа што вие не можете да предвидите сѐ, а дури и ако можете, тогаш стравот е бесмислен. Но, имате шанса навреме да заминете. Да, така е, да заминете и да продолжите понатаму.
Ние знаеме кога ни недостасува нешто што сакаме да го имаме, кога нешто не ни е дадено, а сме го очекувале. Но, никогаш не размислуваме за тоа.
Вистината е едноставна: Сѐ доаѓа во свое време, дури и чудата. Затоа заминете навреме, не задржувајте никого.