Тешка сообраќајка помеѓу „ауди“ и мотор„ јамаха“, возачот на моторот починал на лице место

Вчера во 21:50 часот во полициската станица во Струмица било пријавено за тешка сообраќајна несреќа што се случила помеѓу селата Габрово и село Банско во струмичко.

Имено во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Од МВР велат дека увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

Коментари

Популарно