Тешка сообраќајка помеѓу „ауди“ и мотор„ јамаха“, возачот на моторот починал на лице место

Вчера во 21:50 часот во полициската станица во Струмица било пријавено за тешка сообраќајна несреќа што се случила помеѓу селата Габрово и село Банско во струмичко.

Имено во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Од МВР велат дека увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

(Фото) Карневалски дух во Вевчани - „Се појави Груби, играше фудбал“

Бегалецот од правдата Артан Груби вчера веше во Вевчани. И не се криеше, туку играше фудбал, арно ама како маскота за потсмев на Вевчанскиот карневал.

Очекувано, учесниците на Вевчанскиот карневал не пропуштија да се пошегуваат со првиот вицепремиер на Димитар Ковачевски и десна рака на Али Ахмети.

Групната маска во која Артан Груби игра фудбалче со актовка на Лотарија на Македонија в рака беше една од најсмешните на карневалот.

Гордана Јанкуловска доби ослободителна пресуда за „Тврдина“

Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи, беше ослободена од обвинение во случајот „Тврдина“ поврзан со масовното прислушување. Во истиот предмет, обвинет беше и Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК, кој се ослободи од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“ поради застареност на делото. Ова беше објавено по изрекувањето на пресудата во Основниот суд 1 во Скопје.

Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, доби казна од 3 години затвор, со вклучено време поминато во куќен притвор. За екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои избегаа во Грција, во отсуство беа изречени казни од 14 години и 6 месеци за Грујевски и 9 години и 10 месеци за Бошковски.

реклама

Обвиненијата се однесуваа на злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа во врска со уништувањето на системите за прислушување во УБК. Првоначалната пресуда беше укината од Апелациониот суд во декември 2022 година, по што започна нов судски процес. Вкупно 11 лица беа обвинети, а во првостепената пресуда беа осудени на 55 години затвор и 10 години условен затвор.

Првиот судски процес започна во декември 2017 година, а пресудата беше донесена по повеќе од три години, во февруари 2021 година. 

Утревечер ќе се слави Василица во Дебар Маало, прославата ќе биде со хуманитарен карактер

Василичарите од Боемска упатуваат покана сите заеднички да го одбележиме празникот Василица, на 14 јануари, со почеток во 16:00 часот на Боемска улица, Дебар Маало.

- Дојдете да се дружиме и заедно да бидеме хумани! Сите средства собрани од продажбата на македонските традиционални јадења, како и греана ракија, греано вино и друго, ќе бидат донирани на дечињата со Даунов синдром од НВО дневниот центар Доза среќа Дојдете заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си помагаме, да бидеме солидарни и хумани, се вели во поканата на Здружението на граѓани за негување на традицијата и хуманитарните акции. 

Популарно