(Фото) Скопјанка со бебе изгризана по стомак од улично куче на пешачка стаза

Скопјанка го сподели своето непријатно искуство со напад од улично куче на пешачка патека во скопски Карпош. Таа била на прошетка со своето бебе, а завршила со модринки и рани на стомак за само неколку секунди.

- Гриз од куче скитник… Булевар 8 септември, среда 04.09…21:15-20

На прошетка со бебето неполни 40 дена, на стаза наменета за пешаци, каде што ПРИТОА нема никакво осветлување.

Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашивам дали оди накај мене или према нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и де стрчаа да ми помогнат…

И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки?

Скраја да е!  - сподели таа на својто фејсбук профил каде ги повика надлежните да го решат овој проблем.

Коментари

Популарно