Образовните асистенти почнуваат со работа, како што најави министерката Весна Јаневска

Сите 815 образовни асистенти до крајов на неделава ќе започнат со работа во училиштата гарантира министерката за обвразование. Некои утре ќе потпишуваат договори, други веќе ќе почнат да работат со децата со попреченост, пренесе Сител. До крајот на септември треба сите најавени 1.115 да почнат со работа. Училишната година започна без асистенти бидејќи немало предвидено средства во буџетот, но министерството за образование од следната година системски ќе го решава овој проблем.

Министерката Јаневска планира и законски да се регулира асистентот кој е доделен на детето, да продолжи да работи со него низ годините, односно да не им се менуваат асистентите на децата кои веќе се навикнале да работат со нив.

Менувањето на асистентот на децата со попреченост во училиштата може да има влијание врз нивниот секојдневен живот велат психолозите. Да предизвика дополнителен стрес, да се изгуби желбата за учење, да предизвика иритации и вон училиштето.

И Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реагираше за доцнењето на ангажманот на асистенти во училиштата и апелираше до МОН да ја почитува обврската за обезбедување на правото на образование за секое дете без дискриминација.

Во Македонија во образовниот процес има вклучено околу 2000 деца со попреченост во основните училишта, во средните според информациите на МОН се 300. Еден асистент може да покрива и до три деца, но министерката Јаневка вели, ако има потреба, откако ќе направат проценки училиштата ќе се ангажираат и дополнителни асистенти.

Коментари

Популарно