ВИДЕО: Приведени се луѓето кои ја обновуваат црквата во Галате

Две лица се приведени попладнево во просториите на Општина Врапчиште, потврдуваат од МВР. Лицата се приведени откако во текот на вчерашниот ден МВР ги запре активностите за обнова на црквата „Света Петка“ во село Галате по пријава од Општината, а граѓаните денеска се собраа пред Општина Врапчиште за да побараат средба со градоначалникот.

Градоначалникот одбил да се види со граѓаните, a тие биле децидни дека нема да си одат додека не остварат средба со него, по што биле приведени од полицијата. Од МВР велат дека наводно приведените се однесувале агресивно кон полицајците.

– Ве информираме дека денеска во просториите на Општина Врапчиште, каде била присутна поголема група граѓани, две лица се приведени поради непочитување на наредба од овластено службено лице и агресивно однесување кон полициски службеници. Од страна на СВР Тетово се преземаат мерки за расчистување на случајот. – велат од МВР.

Граѓаните кои моментално се пред полициската станица демантираат дека било кој се однесувал агресивно со полицијата, единствено одбивале да си заминат пред да се видат со градоначалникот и да го прашаат како активностите за обнова на црквата се незаконски.

Видео од апсењето може да погледнете ТУКА https://www.facebook.com/reel/1220465909149104

Коментари

Популарно