Доктор Даниловски појасни за новите смртни случаи од ковид: „Не лажете, не починале од корона“

Докторот Драган Даниловски сподели детално објаснување за податоците за заболени од Ковид-19.

Според него, насловите објавени во медиумите се лажни.

„НЕ ГО ОБМАНУВАЈТЕ НАРОДОТ! Врие денес „Мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува:

„Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.” Што значи ова? Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта.

А тоа понатаму значи: Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како „асоцирана” (придружна).

Накратко:Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!)

Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести!

Намерно ли е тоа или од незнаење? Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!“, напиша тој на Фејсбук. 

Коментари

Популарно