Крводарителска акција во законодавниот дом: Проверете кој од пратениците е хуман

Преку соработка на Институтот за трансфузиона медицина и Собранието денес во законодавниот дом се одржа крводарителска акција во која крв даруваа пратениците и собраниската служба.

Во текот на денешниот ден крв даруваше и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој што истовремено ја поздрави оваа хумана и благородна акција со надеж дека ќе прерасне во традиција.

Преку оваа крводарителска акција Собранието ја покажа својата заложба и посветеност за унапредување на корпоративната општествена одговорност, стои во соопштението испратено до медиумите.

Од следните фотографии погледнете кои пратеници денеска дарувале крв.

Коментари

Популарно