Портпаролот на ЗНАМ ќе ја ужива директорската фотелја на ПИОМ

Никола Мемов е назначен за нов директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – ПИОМ.

Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.

Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда.

Во неговото работно портфолио стои и дека бил менаџер во „ДУНА“ и „Македонски Телеком“, Никола Мемов, е именуван за директор на ПИОМ.

Коментари

Популарно