Првиот брак им е само проба: Хороскопски знаци за кои е веројатно дека ќе се венчаат два пати

Една од најспецифичните „институции“ во животот на секој возрасен човек е бракот. Животот во заедница бара многу вложување од страна на двајцата партнери, многу откажување и многу компромиси.

Да се биде исполнет и среќен во заедничкиот живот е привилегија која не ја уживаат сите луѓе. Некои се чувствуваат непотполно, ментално оддалечени од својот сопружник и во еден момент кога дистанцата ќе стане неподнослива, разводот останува последна опција.

Од таа причина, овие луѓе бараат утеха и бараат љубов по втор пат. Тие се отворени за брак по втор пат и дури тоа и повеќе би го сакале.

Овде се наведени хороскопските знаци кои веројатно ќе стапат во втор или во трет брак!

Бик

Биковите се познати по желбата за стабилност и сигурност во односите. Ако нивниот прв брак не ги исполни нивните очекувања, голема е веројатноста дека ќе побараат партнер кој ќе може да им пружи стабилност и сигурност за кои копнеат. Нема да ги задоволи ништо помалку.

Вага

Луѓето родени во овој хороскопски знак ја ценат хармонијата и рамнотежата во своите врски, а најмногу во бракот. Мирот и стабилноста во домот за нив претставува свето нешто и по секоја цена се трудат да најдат компромис и да го решат секој проблем. Но, ако првиот брак не им ги пружи рамнотежата и хармонијата што ги бараат, голема е веројатноста дека ќе побараат партнер кој ќе може тоа да им го понуди во вториот брак.

Шкорпија

Шкорпиите се познати по својата интензивна емоционална длабочина и по страста. Шкорпиите сакаат партнер кој ќе ги цени и ќе ги почитува, а ако не се чувствуваат ценето во првиот брак, сигурно ќе побараат партнер кој ќе може да им парира во нивниот интензитете и страст во вториот брак.

Стрелец

Стрелецот е еден од најпозитивните знаци во хороскопот. Секогаш отскокнува со неговата оригиналност и многу ја цени слободата и независноста. Во еден обичен, традиционален брак, може да се чувствува загушено и приклештено. За нив е многу важно да не се чувствуваат ограничено во функционирањето со партнерот и само така бракот за нив нема да претставува товар и нема да помислат на втор брак во кој ќе ја имаат посакуваната слобода и независност.

Водолија

Луѓето родени во знакот на ексцентричната водолија најмногу ја ценат индивидуалноста во врската, па дури и во бракот. Тие се посебни и уникатни по тоа што знаат на свој единствен начин индивидуалноста добро да ја спојат со сите брачни обврски и таа воопшто да не се почувствува. Ако почувствуваат дека првиот брак нема да им дозволи да ја изразат својата индивидуалност или да ги следат своите интереси, голема е веројатноста дека ќе стапат во втор брак со некој кој ги дели нивните вредности и интереси.  

Коментари

Популарно