Првиот брак им е само проба: Хороскопски знаци за кои е веројатно дека ќе се венчаат два пати

Една од најспецифичните „институции“ во животот на секој возрасен човек е бракот. Животот во заедница бара многу вложување од страна на двајцата партнери, многу откажување и многу компромиси.

Да се биде исполнет и среќен во заедничкиот живот е привилегија која не ја уживаат сите луѓе. Некои се чувствуваат непотполно, ментално оддалечени од својот сопружник и во еден момент кога дистанцата ќе стане неподнослива, разводот останува последна опција.

Од таа причина, овие луѓе бараат утеха и бараат љубов по втор пат. Тие се отворени за брак по втор пат и дури тоа и повеќе би го сакале.

Овде се наведени хороскопските знаци кои веројатно ќе стапат во втор или во трет брак!

Бик

Биковите се познати по желбата за стабилност и сигурност во односите. Ако нивниот прв брак не ги исполни нивните очекувања, голема е веројатноста дека ќе побараат партнер кој ќе може да им пружи стабилност и сигурност за кои копнеат. Нема да ги задоволи ништо помалку.

Вага

Луѓето родени во овој хороскопски знак ја ценат хармонијата и рамнотежата во своите врски, а најмногу во бракот. Мирот и стабилноста во домот за нив претставува свето нешто и по секоја цена се трудат да најдат компромис и да го решат секој проблем. Но, ако првиот брак не им ги пружи рамнотежата и хармонијата што ги бараат, голема е веројатноста дека ќе побараат партнер кој ќе може тоа да им го понуди во вториот брак.

Шкорпија

Шкорпиите се познати по својата интензивна емоционална длабочина и по страста. Шкорпиите сакаат партнер кој ќе ги цени и ќе ги почитува, а ако не се чувствуваат ценето во првиот брак, сигурно ќе побараат партнер кој ќе може да им парира во нивниот интензитете и страст во вториот брак.

Стрелец

Стрелецот е еден од најпозитивните знаци во хороскопот. Секогаш отскокнува со неговата оригиналност и многу ја цени слободата и независноста. Во еден обичен, традиционален брак, може да се чувствува загушено и приклештено. За нив е многу важно да не се чувствуваат ограничено во функционирањето со партнерот и само така бракот за нив нема да претставува товар и нема да помислат на втор брак во кој ќе ја имаат посакуваната слобода и независност.

Водолија

Луѓето родени во знакот на ексцентричната водолија најмногу ја ценат индивидуалноста во врската, па дури и во бракот. Тие се посебни и уникатни по тоа што знаат на свој единствен начин индивидуалноста добро да ја спојат со сите брачни обврски и таа воопшто да не се почувствува. Ако почувствуваат дека првиот брак нема да им дозволи да ја изразат својата индивидуалност или да ги следат своите интереси, голема е веројатноста дека ќе стапат во втор брак со некој кој ги дели нивните вредности и интереси.  

Дневен хороскоп

ОВЕН

Денеска ќе бидете во одлично расположение. Добро се согласувате со другите, а тие го бараат вашето друштво, што ви дава чувство дека сте сакани и обожувани. Ќе биде добро да излезете со пријателите и малку да внесете шареноликост во вашиот социјален живот.

БИК

Доколку денеска чувствувате потреба да создадете нешто, на пример, да подготвите посебен оброк или да реновирате нешто во вашиот дом, не го потиснувајте нагонот. Препуштањето на пријатна, креативна активност е одличен начин да го искористите максимумот од денешниот ден.

БЛИЗНАЦИ

Денеска ќе бидете исклучително чувствителни и ќе чувствувате што го преживуваат другите луѓе. Ќе покажете желба да им помогнете на вашите најблиски и ќе сакате да ги ослободите од нивната болка доколку страдаат. Денот е одличен за оние од вас кои се занимаваат со лековити практики или алтернативна медицина.

РАК

Денеска ќе бидете расположени и ќе сакате да поминувате повеќе време со членовите на семејството. Можеби ќе бидете инспирирани да направите нешто за нив или за себеси. Денот е многу погоден за романтични состаноци, бидејќи многумина од вас ќе бидат на љубовниот бран.

ЛАВ

Денеска ќе бидете поемотивни од вообичаено. Не ги кријте своите чувства од блиските луѓе, дури и ако во принцип сте подистанцирани, ова ќе им овозможи да ве разберат и можеби ќе ви ја дадат потребната поддршка.

ДЕВИЦА

Денеска можеби ќе ви биде малку тешко да го прифатите променливото расположение на другите, а можеби и вашето. Дури и да се обидете да ги контролирате, тешко дека ќе успеете. Некои од вас ќе мора да се соочат со своите минати постапки и да најдат начин да ја решат ситуацијата.

ВАГА

Денеска или ќе имате силна потреба некој да се грижи за вас или вие да направите нешто за другите. Ќе барате поддршка од вашите блиски или од саканата личност и ќе реагирате доста бурно доколку не ја добиете. Денот е многу погоден за љубовни средби, за посета на некој културен настан или за уметнички активности.

ШКОРПИЈА

Сè ќе се случува полесно денеска доколку не покажувате премногу упорност и не се обидувате да ги принудите другите да направат нешто. Секој ваш обид да командувате со парадата може да доведе до проблеми и конфликти, па подобро да не се обидувате. Ако нешто не ви оди, не инсистирајте.

СТРЕЛЕЦ

Денеска тешко дека ќе имате желба да се занимавате со работа која бара повеќе енергија и труд. Ќе сакате да се одморите, да се почестите со вкусен оброк или да посетите близок роднина. Погрижете се да си осигурите спокојство коешто ви е потребно и не се напрегајте.

ЈАРЕЦ

Иако ова ден за одмор, доколку сте се зафатиле со нешто што ви е при срцето, денеска може да поработите со интерес и желба. Направете го тоа, резултатот ќе вреди. Меѓутоа, ако вашата работа е повеќе стресна или здодевна, веројатно ќе почувствувате потреба да се излежувате дома. Денот е одличен за семејна дружба или домашна забава.

ВОДОЛИЈА

Денеска многумина од вас ќе претпочитаат да се нурнат во длабочините на својот внатрешен свет и нема да имаат голема желба за социјални контакти. Сепак, осаменичките активности многу ќе ви одговараат, а вашата фантазија ќе работи одлично. Ќе бидете особено сочувствителни кон луѓето од вашето опкружување и ќе имате желба да им помогнете.

РИБИ

Денеска не го занемарувајте семејството поради работата и не се трудете да правите планови за денот, опуштете се и уживајте во она што се случува. Некогаш неделувањето не е толку лошо, а денеска особено можете да си го дозволите тоа.

Среќа за три хороскопски знаци: Денеска радоста ќе им се врати во животот, Месечината и Венера ќе им дадат надеж

Астрологијата предвидува дека денеска ќе им се врати животната радост на три хороскопски знаци, кога Месечината ќе се усогласи со Венера. Овој астролошки настан ќе им даде до знаење дека не се сами и дека деновите на тага ќе завршат, пишува „Сенса“.

Астролошки, Месечината ќе се усогласи со Венера за да ни покаже дека радоста сè уште постои во нашите животи. Крајот на октомври многумина го гледаат како завршна фаза која води до крајот на годината, а овие три хороскопски знаци сакаат да ги завршат работите и да сфатат што тргнало наопаку оваа година за да можат да научат од неуспесите.

Кога Месечината се усогласува со Венера, дозволуваме концептот на љубов да влезе во рамката. Тие јасно ќе видат каде згрешиле и ќе дозволат љубовта да влезе во нивниот живот. Годината завршува, а ние сè уште сме живи и она што сега не интересира е радост и среќа.

Близнаци

Овој ден ќе ви делува подобро со секоја измината минута. Како конечно да сте решиле да ја пуштите љубовта во вашиот живот, наместо толку цврсто да се држите за болката и стравот. Прилично сте уморни од тој став, па кога Месечината ќе се усогласи со Венера во Скорпија – ќе бидете подготвени да ѝ се вратите на радоста. Она што го носи овој транзит е љубов, самољубие и самодоверба да веруваме дека ова е само почеток. Не сте подложни на живот со болка. Ќе се чувствувате како радоста и среќата се навистина ваше првородно право и не треба да обрнувате толку внимание на негативната плима во вашиот живот. Свесно ќе се трудите да бидете среќни, а усогласувањето Месечина-Венера ќе ви го дозволи тоа.

Лав

Лавови, вие сте опстимистични личности кои секогаш веруваат дека има добро во светот и дека имате место во него. Кога Месечината ќе се усогласи со Венера, ќе почувствувате дека вашата радост се враќа. Целата љубов во вашето срце ќе се обиде да се крене и да биде забележана. Не можете да го негирате тоа чувство. Иако не можете да најдете вистинска причина за тоа, можете да кажете дека вашето чувство на радост е ништо помалку од космичко. Така, усогласувањето Месечина-Венера ќе ви помогне да го пронајдете патот назад кон радоста. Кога ќе почнете да гледате како е можно повторно да бидете среќни, ќе направите се што можете за да го продолжите тоа чувство. Ова е одличен ден за вас и не завршува тука, оваа среќа ќе продолжи!

Водолија

Понекогаш се прашувате како и зошто пропуштивте толку многу. За среќа, тоа е привремена состојба на умот и ќе откриете дека од вас зависи дали ќе ја вратите радоста во вашиот живот. Ви станува очигледно дека тоа е избор – може да имате радост или да имате тага, а се чини дека тагата си поминал. Радоста ви се враќа затоа што сега сте подготвени да продолжите понатаму. Тагата го направи она што можеше, а вие научивте неколку вредни лекции од неа. Можете да го отворите своето срце за блаженство, среќа и мир на умот.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, бидете отворени за нови идеи. Креативноста ќе ви помогне да ги надминете предизвиците на работа и да постигнете успех. Денеска ќе се чувствувате исклучително страсно. Страста нека ви биде водилка во љубовта. Изразете ѝ ги емоциите на саканата личност и препуштете се на романтичните моменти.

Бик

Фокусирајте се на долгорочни цели. Поставувањето јасни деловни планови ќе ви помогне да ги остварите вашите амбиции. Комуникацијата ќе биде клучна денес. Разговарајте со партнерот за вашите чувства и потреби. Отвореноста ќе ја зајакне вашата врска. Внимавајте на исхраната. Урамнотеженото мени ќе ви помогне да се чувствувате повитални.

Близнаци

Бидете подготвени за предизвици. Вашата снаодливост ќе ви помогне да најдете креативни решенија за деловните проблеми. Денеска ќе блеснете со својата духовитост и шарм. Користете ја вашата смисла за хумор за да го освоите срцето на личноста што ја сакате. Вежбите за дишење или јогата ќе ви помогнат да се опуштите и да го подобрите вашето здравје.

Рак

Ракови, бидете организирани. Планирањето ќе ви помогне ефикасно да управувате со задачите на работа и да постигнете успех. Отворено разговарајте со партнерот за вашите потреби. Вашата искреност ќе ја зајакне врската и ќе донесе хармонија. Грижете се за себе денес. Одморете и „наполнете ги батериите“.

Лав

Бидете доследни на вашите цели. Вашата упорност ќе ви помогне да напредувате во кариерата. Денеска вашата страст ќе биде незапирлива. Покажете ја вашата љубов без двоумење. Романтичните гестови ќе ја оживеат вашата врска. Внимавајте на исхраната. Јадењето здрава храна ќе ви помогне да се чувствувате енергично.

Девица

Бидете конкретни. Деталите се клучни за успехот на работа, затоа бидете внимателни во анализата на информациите. Покажете му на партнерот колку се грижите. Малите гестови на внимание ќе донесат дополнителна блискост во вашата врска. Внимавајте на вашето ментално здравје. Денеска е ден за релаксација и ослободување од стресот.

Вага

Ваги, бидете отворени за нови идеи и соработка со колегите. Тимската работа ќе ви донесе успех на деловен план. Денеска во љубовниот живот ќе биде нагласена хармонијата. Искористете ја оваа позитивна енергија за романтични моменти со партнерот. Внимавајте на вашата емоционална благосостојба. Медитацијата или релаксирачката музика ќе ви помогнат да го ослободите стресот.

Скорпија

Денеска е ден за решавање на проблемите. Вашата способност за анализа ќе ви помогне да најдете ефективни решенија. Отворено изразете ги емоциите кон партнерот. Искреноста ќе ја подобри вашата врска и ќе изгради доверба. Внимавајте на вашето ментално здравје. Денеска е добар ден за размислување и ослободување од негативните мисли.

Стрелец

Фокусирајте се на вашите долгорочни цели и стратегии. Бидете трпеливи и доследни во работата за да ги постигнете посакуваните резултати. Бидете отворени за нови искуства во врската. Денеска е идеален ден за излегување и поминување време со личноста која ви се допаѓа. Вежбите за истегнување или масажа можат да ви помогнат да ја ослободите напнатоста.

Јарец

Бидете внимателни во финансиските трансакции. Денеска е ден да се анализираат трошоците и да се разгледаат можностите за заштеди и подобро управување со ресурсите. Отворено комуницирајте со партнерот. Разговорот ќе ви помогне да ги разјасните сите недоразбирања и да ја зачувате хармонијата во врската. Внимавајте на сонот. Квалитетниот одмор е важен за вашата физичка и ментална благосостојба.

Водолија

Размислете за нови идеи за деловни проекти. Вашата иновација ќе биде клучна за вашиот успех и напредување во кариерата. Искористете ја својата оригиналност за да ги освоите симпатиите на личноста која ви се допаѓа. Бидете автентични и креативни во искажувањето на вашите чувства. Длабокото дишење или јогата ќе ви помогнат да се опуштите и да го подобрите вашето физичко и ментално здравје.

Риби

Риби, бидете внимателни кога комуницирате со колегите. Јасната и конструктивна комуникација ќе избегне недоразбирања и ќе ја подобри соработката на работа. Денеска фантазијата и романтиката ќе ви процветаат во љубовниот живот. Препуштете се на вашите чувства и изненадете го партнерот или личноста која ви се допаѓа. Здравата исхрана е неопходна за вашата виталност и добра физичка кондиција.

Популарно