Арена Спорт го раскинува договорот со ФФМ, не сакаат да вршат пренос од „циркус“

Регионалниот ТВ гигант Арена Спорт ќе го раскине договорот со ФФМ и повеќе нема да биде присутна во Македонија пренесува Спортспорт.

Оваа ТВ куќа натпреварите во ПМФЛ ги смета за „циркус“ и повеќе не им е од интерес да вршат преноси. Во изминативе 8 кола колку што трае македонското првенство Арена Спорт нема пренесено ниту еден фудбалски натпревар. Со ова нема преноси ниту на МТВ која превземаше од Арена Спорт.

Инаку во изминатите три сезони можевме да гледаме мак – фудбал на тој начин, преку Арена Спорт и МТВ. Сега веќе нема да биде така, барем извесно време.

Засега останува можноста да се следат преносите на Вардар и Брера, кога и двата клуба се домаќини и тоа преку ТВ Спортклуб, исто така регионален ТВ гигант.

Коментари

Популарно