Освен во недела посебен сообраќаен режим е предвиден и во понеделник поради официјалната посета на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ. Од МВР посочуваат дека централното подрачје ќе биде под посебни мерки.
„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.