Посебен сообраќаен режим и во понеделник, доаѓа српскиот премиер

Освен во недела посебен сообраќаен режим е предвиден и во понеделник поради официјалната посета на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ. Од МВР посочуваат дека централното подрачје ќе биде под посебни мерки.

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.

Царината ја засилува борбата против криминалот - запленети 36 килограми марихуана на Блаце и голема количина лекови

Царинските службеници на граничниот премин Блаце открија 36,4 килограми марихуана, една од најголемите заплени оваа година, соопшти директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Истовремено, на преминот Јажинце биле запленети 7.847 ленти лекови.

Николовски во присуство на претседателот на владата, Христијан Мицкоски истакна дека оваа акција е показател за зголемената дисциплина на службениците и нивната посветеност во борбата против криминалот. Заплените во последниот квартал се зголемени за 70% во споредба со минатата година.

Детската Клиника и Козле под лупа на ДСЗИ, вонреден инспекциски надзор откако почина 14-месечно бебе

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле, поради тоа што таму почина бебе за кое родителите тврдат дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската Клиника.

Од ДСЗИ велат дека надзорот ќе го прават во присуство на докторите.

„Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор“, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Најавата да ДЗСИ доаѓа откако еано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата.

Популарно