Верувам дека на секоја жена и се случило следново сценарио:
Ти се допаѓа некој тип. Навидум и ти му се допаѓаш на него. Почнувате да излегувате, летаат искри на сите страни и едноставно сте сигурни дека тоа е тоа. Типот одеднаш го сфаќа тоа и исчезнува. Останувате сами и измислувате милион причини само за да не се соочите со фактот дека не му се допаѓате.
Океј, можеби е ова мало претерување, но има моменти кога изгледа дека типот исчезнува баш во момент кога вие ги спуштате одбранбените механизми. Во овие моменти, лесно е да се исфрустрирате и да посакате да му се јавите на телефон и да му искажете милион работи. Иако, тоа можеби изгледа како борба за љубов, ве молам запрете се. Праќањето милион пораки прави да изгледате очајно и лудо.
Наместо да бидете стереотипната девојка која не може да ги сфати знаците, зошто да не бидете девојката која прва исчезнува?
Понекогаш навистина се срамам кога ќе ми текне колку време сум потрошила плачејќи по мажи кои не вределе за да плачам за нив. Тоа време сум можела да го потрошам патувајќи или јадејќи тестенини.
Сите знаци беа таму и сите велеа да бегам што побргу, но мојата надеж ме зезна и останав се додека не ми беше кажано да си одам.
Ајде да престанеме да ги правиме овие грешки. Ајде да престанеме да се држиме до момци кои веќе се со една нога надвор од вратата. Животот е прекраток и постојат многу други можности кои не вклучуваат чекање на мажот кој не е заинтересиран.
Силните жени не молат. Тие си одат во моменот кога ќе почнат да се чувствуваат непожелни. Ако не можете да ги препознаете знаците, еве ви неколку насоки:
1. Тој не се труди да се види со вас насамо.
Ако типот сака да ве види, тој ќе се потруди да ве види. Кога ќе почне да наоѓа изговори и не ги остварува плановите, време е почнете да барате други избори.
2. Се однесува како да не му е грижа.
Прекрасната работа кај мажите е тоа што повеќето од нив се лесни за читање. Престанете да се обидувате да читате меѓу редови и прифатете ги работите такви какви што се.
И секако, постојат ретки моменти во историјата, кога девојката си заминала, па дечкото се вратил по неа. Но, обично овие моменти се случуваат во филмовите. Во реалниот живот, вам ви треба маж кој не мора да изгуби за да сфати дека ве цени.