Не го барај совршениот, пронајди го човекот кој чуден и неподнослив исто како и ти

Да се биде во врска со чудна личност не е лоша работа. Во суштина, тоа е навистина добра работа. Да бидеме искрени и вие сте малку чудни.

Танцувате во долна облека, а додека пеете, го држите чешелот во рака и се преправате дека е микрофон. Зборувате гласно во ресторани и тоа баш кога ќе настапи длабока тишина. Носите различни чорапи. Сакате да правите гримаси. Се сопнувате и паѓате. Често.

Не сте баш некоја слика за совршенство.

Сакате да јадете крофни и Сникер и не ви гајле што ви се плаче кога ги слушате баладите на Бело Дугме.

Сите сме чудни на разни начини. Сите ние правиме работи надвор од нормата. И се уште некому е непријатно поради тоа. Наместо да ги криеме нашите чудни склоноти и откачени карактери, мислам дека е време да се прифатиме себе.

Некои луѓе имаат навика да излегуваат со луѓе кои ги контролираат своите чудни навики. Тие се кул, владеат со себе. Велат „фала“ и „молам“ во секоја реченица.

Тие ставаат чај во шолјата со подигнато мало прсте.

Тие никогаш нема да кажат или направат нешто претерано. Тие презираат бучни, иритантни луѓе кои имаат свое мислење. Тие ја следат толпата.

А можеби вам ви одговара да бидете во врска со таква личност. Можеби и вие сте од друга планета. Но, ние чудаците, не можеме да бидеме со некој кој не знае да се шегува на своја сметка. Не можеме да бидеме со некој се обидува да ги сокрие своите чудни навики, кој се обидува да се промени според стандардите кои општеството ги смета за прифатливи.

Тие луѓе можат да бидат совршено убави. А можеби и на некој начин и ви се допаѓаат.

Но, тие се толку досадни. Навистина.

Зарем навистина мислите дека ќе остварите долгорочен и квалитетен однос со некој кој е совршен во секој поглед? Мислите дека ќе се заљубите во некој кој не може да ја прифати вашата личност? Мислам дека нема да ви се случи тоа.

Бидете во врска со некој кој е подеднакво чуден и неподнослив како и вие.

Бидете во врска со некој кој се натпреварува со вас во правење гримаси. Бидете во врска со некој кој знае да вика со цела сила, од длабочините на своите бели дробови и тоа само заради забава. Бидете во врска со некој кој има свој танц поради кој другите го гледаат чудно.

Бидете во врска со некој кој се прифаќа себеси. И кој се смее на своја сметка исто како и вие. Бидете во врска со некој кому нема да биде непријатно кога ќе направите нешто потполно лудо.

Бидете во врска со некој кој ќе ви се придружи кога ќе почнете лудо да танцувате.

Бидете во врска со некој кој нема да ви дозволи да се изгубите себеси. Бидете во врска со личност која ќе ве сака поради тоа што сте.

Немојте да бирате премногу совршени мажи. Ниту пак досадни. Ниту пак оние кои само се обидуваат да им угодат на другите луѓе.

Одберете личност која навистина живее.  Одберете го оној кој ги сака чудните луѓе. Одберете личност која ќе ги сака сите ваши чудни навики и во добро и во лошо.

Таков маж никогаш нема да ве осудува или да ви каже како треба да се однесувате. Никогаш нема да ви наредува и да се обидува да ве вклопи во нешто коешто општеството може да го прифати. Тој ќе ве сака само вас.

И тоа е единствено нешто коешто ќе ви биде доволно.

Коментари

Популарно