По 7 години пауза од водителската кариера, Маја Поцевска повторно се враќа на малите екрани, но во малку поразлично издание со поткастот „Равенка за успех“. Нејзината идеа е преку опуштен муабет, да ги дознае најважните одлуки и пресврти во животите на успешните личности, што е она од кое црпат најмногу инспирација и мотивација, но и како се справуваат со неуспесите и што тие сметаат за неуспех во нивните животи.
Гости во нејзиното студио ќе бидат најпознатите личности од естрадата, глумци, пејачи, водители, бизнисмени, спортисти, не само од Македонија, туку и од регионот. Преку овие поткаст интервјуа водителката ќе се обиде да дознае што е всушност успех, дали е успех да бидеш познат, да бидеш врвен експерт во она што го работиш или пак да си среќен со она што си го постигнал?
Досега се емитувани 3 епизоди на „Равенка за успех“. Сезоната ја отвори со Игор Џамбазов кој рече дека успех е и да се биде одличен готвач, шеф на оддел во фабрика или пак професор во средно училиште. Тој говореше и за своите издигнувања и падови, а откри и дека за неуспех го смета тоа што нема оформено семејство.
Џамбазов: Во Македонија лесно се станува ѕвезда, но тешко се останува на врвот! Равенка за Успех Е01
Во втората епизода гостуваа актерките Ана и Јана Стојановски, толку слични, а сепак навистина различни. Како ја избраа својата професија, како дојдоа до она што се денес, кои беа пресудни моменти во нивниот живот, а ги „чепнавме“ и за нивните успеси на љубовно поле.
Иако сите добро ја познаваме Маја од нејзините телевизиски емисии, овој пат нејзиниот поткаст ќе се емитува само он-лајн, на YouTube каналот ZaSe Makedonija - YouTube.
Пуштете на вашиот телефон, таблет или телевизор и погледнете ја најновата епизода на Равенка за Успех со Маја Поцевска, премиерно секој понеделник во 20 часот.
Равенка за успех, нов поткаст на zase.mk #podcast #ravenkazauspeh