Маја Поцевска по 7 години повторно на малите екрани!

По 7 години пауза од водителската кариера, Маја Поцевска повторно се враќа на малите екрани, но во малку поразлично издание со поткастот „Равенка за успех“. Нејзината идеа е преку опуштен  муабет, да ги дознае најважните одлуки и пресврти во животите на успешните личности, што е она од кое црпат најмногу инспирација и мотивација, но и како се справуваат со неуспесите и што тие сметаат за неуспех во нивните животи.

Гости во нејзиното студио ќе бидат најпознатите личности од естрадата, глумци, пејачи, водители, бизнисмени, спортисти, не само од Македонија, туку и од регионот. Преку овие поткаст интервјуа водителката ќе се обиде да дознае што е всушност успех, дали е успех да бидеш познат, да бидеш врвен експерт во она што го работиш или пак да си среќен со она што си го постигнал?

Досега се емитувани 3 епизоди на „Равенка за успех“. Сезоната ја отвори со Игор Џамбазов кој рече дека успех е и да се биде одличен готвач, шеф на оддел во фабрика или пак професор во средно училиште. Тој говореше и за своите издигнувања и падови, а откри и дека за неуспех го смета тоа што нема оформено семејство. 

Џамбазов: Во Македонија лесно се станува ѕвезда, но тешко се останува на врвот! Равенка за Успех Е01   

    

Во втората епизода гостуваа актерките Ана и Јана Стојановски, толку слични, а сепак навистина различни. Како ја избраа својата професија, како дојдоа до она што се денес, кои беа пресудни моменти во нивниот живот, а ги „чепнавме“ и за нивните успеси на љубовно поле.

 Иако сите добро ја познаваме Маја од нејзините телевизиски емисии, овој пат нејзиниот поткаст ќе се емитува само он-лајн, на YouTube каналот ZaSe Makedonija - YouTube.

Пуштете на вашиот телефон, таблет или телевизор и погледнете ја најновата епизода на Равенка за Успех со Маја Поцевска, премиерно секој понеделник во 20 часот. 

Равенка за успех, нов поткаст на zase.mk #podcast #ravenkazauspeh

ФОТО: Еден погрешен чекор покажа што носи под фустанот

Албанската пејачка направи голема грешка со фустанот кој го облекла, а папараците подготвено ја дочекаа. Рита Ора никогаш не ја криела наклонетоста кон провокативната облека, но вчера направи грешка.

Пејачката, имено, се појавила на една прослава во Лондон, а за таа прилика одбрала огнено црвен фустан со длабоко деколте и со уште подлабок шлиц на нозете. Сето тоа го искомбинирала со црвен детаљ на главата, но ниту тој не го одвлекол вниманието од тоа што се случило.

Секој чекор бил ризичен за пејачката во овој фустан и на крајот и се случило неизбежното, па еден незгоден чекор покажал што крие Рита Ора под фустанот.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

(Фото) Сталоне и Шварценегер ги воодушевија обожавателите

Холивудските актерски легенди, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне ги израдуваа обожаватели со фотографија на која позираат заедно.

-Роки и Терминатор, објавија на Инстаграм фотографија ја која подготвуваат тикви за Ноќ на вештерките.

-Јас и мојот пријател Арнолд поминуваме заедничко време во неговата неверојатна канцеларија резбајќи тикви со ножеви за преживување. Тоа е она што вистинските акциони момци го прават го своето слободно време, порача Сталоне.

Нивните легендарни филмски ликови се појавија заедно со филмовите „The Expendables“ и „Escape Plan“.

Популарно