Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на убиецот од Младеновац

Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои се обиделе да запалат куќа во сопственост на семејството на Урош Блажиќ, осомничен за масакрот во селата Мало Орашје и Дубона, пренесува „Телеграф“.

За случајот е известено Основното јавно обвинителство Младеновац.

Според извештаите, во саботата вечерта, тројца мажи со автомобил Фиат се упатиле кон куќата на Блажиќ во Дубона и се обиделе да ја запалат куќата од возилото. Пожарот зафатил само сува трева, а полицијата изгаснала се пред да пристигнат пожарникарите.

Осомничените веднаш биле сопрени и приведени.

Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжува судењето на Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша.

Коментари

Популарно