ВИДЕО: Ужас во Аргентина: Се урна десеткатен хотел - се трага по преживеани

Хотелска зграда од 10 ката се урна рано утринава во крајбрежниот град Вила Гесел во аргентинската провинција Буенос Аирес, соопштија локалните власти.

Се претпоставува дека во хотелот во Дубровник тогаш имало меѓу седум и девет лица, меѓу кои и градежни работници кои наводно работеле без дозвола, се наведува во соопштението.

Спасувачките екипи ги отстрануваат урнатините за да ги ослободат затрупаните, соопштија властите на Вила Гесел, додавајќи дека општинските власти во август годинава ги прекинале градежните работи на локацијата.

Коментари

Популарно