Ако една личност реши да биде со вас, таа треба да е тука кога ви е тешко, кога сакате да зборувате за своите проблеми, кога сакате да и покажете делови од себе кои не се најсветли.
Не треба да се плашите од тоа да се отворите пред нив, за сите проблеми, поранешни трауми, за драмите низ кои минувате низ животот. Ако постои проблем во вашиот живот, треба да се чувствувате пријатно за да можете да го споделите со нив. Тоа не треба да биде тајна. Не треба да биде толку страшно да споделите.
Ако една личност е тука за вас, таа треба да биде тука и во добрите и лоши мигови.
Тие треба да се тука за помош и поддршка, за добар збор кога минувате низ болка и за совет кога не знаете како да продолжите. Но, ако тие си заминуваат кога работите стануваат тешки, не треба да се обвинувате себеси. Не сте направиле ништо лошо.
Вистинската личност ќе биде до вас да ве ислуша. Тие ќе бидат до вас и кога сте среќни, но и кога се чувствувате како да се распаѓате. Ако таа личност не е заинтересирана за тоа, тогаш таа не е ваша личност. Не заслужува да биде дел од вашиот живот.
Животот е тежок а односите меѓу луѓето дополнително го комплицираат. Но, на сите нам ни се потребни вистински и искрени луѓе околу нас. Ако некој си оди кога работите тргнуваат на лошо, тие не се ниту добар партнер, ниту пак добар пријател. Вие можете без нив. Но, заслужувате некој кој ќе биде тука во сите добри и лоши денови.