Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни

Возачите на Формула 1 бараат Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) да ги третира како возрасни, откако неколку возачи беа казнети за вулгарности во последните недели, пишуваат германски медиуми.

 Тие го советуваа и претседателот на организацијата, Мохамед Бен Сулејем, да внимава со сопствениот јазик.

Меѓу казнетите е и светскиот шампион Макс Верстапен, кој на прес-конференција во Сингапур со непристоен збор ја опиша состојбата на својот автомобил. Бен Сулејем во интервју за „Аутоспорт“ пред несреќата изјави дека возачите имаат голема одговорност пред луѓето. Тој побара од нив да престанат да пцујат на тимското радио и да престанат да се однесуваат како рапери.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес го повика Верстапен да не ја плаќа казната и рече дека има „нијанса на расизам“ во зборовите на Бен Сулејем. Синдикатот на Гран-при возачите (ГДПА), чиј директор е вториот пилот на Мерцедес, Џорџ Расел, сè уште размислува како да постапи, но ја искористи својата платформа за да го критикува претседателот на ФИА.

-Постои голема разлика помеѓу пцовките наменети да навредат некого и пообичните што луѓето често ги користат во лоши временски услови или за неживи предмети како што се нашите автомобили. Тие се користат и во одредени ситуации при натпревар“, пишува во отвореното писмо на ГДПА.

Оттаму го повикаа претседателот на ФИА да размисли за сопствениот тон и јазик кога зборува за возачите на Формула 1 во јавна средина.

-Членовите на нашата организација се заштитно лице на најпопуларниот автомобилски спорт. Тие се гладијатори и на секој тркачки викенд приредуваат одлично шоу за поддржувачите. Последно, но не и најмалку важно, членовите на нашата организација се возрасни. Не треба да добиваат инструкции од медиумите за нештата кои се толку тривијални како накитот или долната облека што можат да ја носат, се додаба.

Токму Хамилтон има стара караница со Бен Сулејем, откако пред Големата награда на Британија во 2022 година, натпреварувачот беше принуден да отстрани пирсинг пред да влезе во пилотската кабина на болидот на Мерцедес. Тој го повика Верстапен да не ја плаќа казната, а од ГПДА објаснија зошто.

-ГДПА постојано се спротивставува на парични казни. Тие не се соодветни за нашиот спорт. Во последните три години, постојано баравме од претседателот на ФИА да сподели детали за стратегијата на централата со казни. Што се случува со овие пари и каде се трошат тие? Паричните казни му штетат на имиџот на нашиот спорт. Уште еднаш го повикуваме претседателот на ФИА на транспарентност и директен дијалог со нас, додаваат од организацијата.

Коментари

Популарно