Вчера на граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Р. (62) од Скопје.
Тој на преминот допатувал со патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки во кое сопатник бил А.В. (31), кој на увид приложил германска возачка дозвола и немал друг документ за идентификација.
По извршени проверки било утврдено дека А.В. илегално престојувал во државата и на Г.Р. му дал пари да го превезе до Република Грција.
За настанот бил запознаен надлежен јавен обвинител, додека А.В. бил пренесен во прифатен центар за странци во Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.