Средба Бајден - Трамп: Се очекува „мирна транзиција“

Републиканецот се врати во Белата куќа првпат по победата на изборите минатата седмица, одржувајќи состанок во Овалната канцеларија со демократот Џо Бајден, од кого загуби на изборите во 2020 година.

„Добредојдовте назад“, му рекол Бајден на Трамп на почетокот на средбата пред каминот.

Трамп му взвратил на Бајден дека политиката е „тешка“. „Тоа не е убав свет во многу случаи. Но, денес е прекрасен свет“, додал републиканецот.

Му се заблагодарил на Бајден за непречениот трансфер на власта, на што Бајден одговорил „нема за што“.

„Многу ценам непречена транзиција, тоа ќе биде најнепречено можно“, рекол Трамп.

Претходно во средата, Трамп ја прослави победата во Претставничкиот дом со своите републиканци, кои имаат големи шанси да го задржат мнозинството во тој дом на Конгресот кога ќе бидат конечните резулатит од изборите од 5 ноември.

„Зарем не е убаво да се победи? Убаво е, секогаш е убаво да се победи“, рече Трамп во Претставничкиот дом.

Бајден, кој претходно се кандидираше за реизбор против Трамп пред да се повлече од трката и да го предаде местото на својата потпретседателка Камала Харис, беше домаќин на републиканецот во Овалната соба, постизборна традиција што Трамп не ја следеше по поразот во 2020 година, заминувајќи на Флорида.

Коментари

Популарно