Како во сериите: Турци кидналирале сонародници и им се заканувале, уапсени 3 лица

Уапсени три лица од страна на полицијата по вчерашната драма што се случувала во Штип. Имено три лица Ч.Т.(50), Ј.Б.Т.(26) и Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во с.Стар Караорман, штипско се сомничат за киднапирање и изнуда.

„Тие заедно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга“, велат од МВР.

Од таму додаваат дека од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Коментари

Популарно