Како во сериите: Турци кидналирале сонародници и им се заканувале, уапсени 3 лица

Уапсени три лица од страна на полицијата по вчерашната драма што се случувала во Штип. Имено три лица Ч.Т.(50), Ј.Б.Т.(26) и Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во с.Стар Караорман, штипско се сомничат за киднапирање и изнуда.

„Тие заедно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга“, велат од МВР.

Од таму додаваат дека од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Малолетничка прегазена од мопед на раскрсница во Карпош

Дете е тешко повредено откако било удрено од мопед на една скопска раскрсница.

- На 20.11.2024 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лондонска“ и ул.„Варшавска“ во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.О.(35) од Скопје, удрил во малолетничка, а потоа и во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ф.С.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија до полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Нема автобуси, но не работи и Жичарницата на Водно

Од ЈСП информираат дека Жичницата претпладнево не работи поради врнежи од дожд и силен ветер.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, појаснуваат од ЈСП. 

Додека ЈСП буквално се распаѓа Арсовска зборувала за климатските промени и човековите права на самитот Г20 во Бразил

Градоначалничката на Скопје била присутна на самитот Г20 што се одржа во Бразил во периодот од 14-17 ноември. Оваа вест ниту не беше пренесена од нејзинот кабинет, а немаше ниту било какво известување.

За ова се дознаваме од официјалната страна на Советот на Европа каде градоначалничката Арсовска го преставувала Конгресот на Советот на Европа каде говорела за климатските промени и човековите права.

Арсовска има присуствувано на многу настани организирани од фондации и држави, но она што може да се забележи е отсуството на известување од страна на нејзинот кабинет за нејзините активности.

Градоначалничката очигледно повеќе ги избира овие меѓународни настани, каде збори на теми кои не се во допирна точка со функцијата која ја извршува наместо да ги решава проблемите на скопјани, еден таков пример е катастрофалната ситуација со ЈСП.

Популарно