Шуто Оризари утре на протест кај Арсовска: Отсековте 25.000 лица

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, објави дека утре ќе организира протест пред просториите на Град Скопје, поради состојбата со јавниот превоз, поради која околу 25.000 луѓе од оваа општина останаа без какви било јавни сообраќајни врски со градот.

„Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица“, вели Дудуш во повикот за протестот, во кој се вели дека ќе има организиран превоз за учесниците.

Коментари

Популарно