Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени околу 450 грама марихуана.
Во текот на денешниот ден, соопштија од МВР, со соодветна кривична пријава, тие се предадени на надлежен обвинител, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена. Лицата се предадени во КПУ Затвор Скопје.