Синоќа македонски автобус доживеал сообраќајна несреќа на автопатот А5 во близина на Појате, Србија, објавија српските медиуми.
Несреќата се случила поради обилните врнежи од снег, кои го отежнале движењето на возилата. Автобусот се излизгал на лизгавата подлога и удрил во заштитната банкина.
За среќа, во инцидентот нема повредени патници. Сепак, причинета е значителна материјална штета на автобусот.
Надлежните служби веднаш интервенирале на местото на настанот, а сообраќајот бил регулиран без поголеми застои. Упатен е апел до возачите да бидат исклучително внимателни во услови на лошо време.