Секцијата на фризери при Занаетчиска комора - Скопје денеска во Скопје традиционално ќе одржи „Бербер шоу“ на фризери по повод месецот на машкото здравје „Movember“, каде ќе учествуваат мајстори - бербери од од целата држава, кои ќе се погрижат за изгледот на оние, кои ќе дојдат за да им се средат брадата и мустаќите.
- „Movember“ е настан за првпат инициран во Австралија во ноември 2003 година, со цел да ја подигне свеста за грижа на машкото здравје и рано откривање здравствени проблеми кај мажите. Во таа насока,секоја година во месец ноември - месец посветен на машкото здравје, се предизвикуваат мажите да пуштат мустаќи, појаснуваат организаторите.
Настанот ќе се одржи во трговскиот центар „Дајмонд мол“ со почеток од 11 часот.