Дали знаете што сте во индискиот хороскоп?

Индиската астрологија значително се разликува од западната.

Пронајдете ја особината која ве дефинира.

Амбиција (15 април – 15 мај)

Силната ментална сила ви помага успешно да го остварите замисленото, амбициозни сте и никогаш не попуштате. Изразената смисла за иницијатива ве турка меѓу лидерите, но ве привлекува сјајот па паѓате на најновите трендови.

Големо срце (16 мај – 16 јуни)

Ова е знак за комуникативност и умешност во изразување на јавноста. Не сакате немарност и површност. Најблиските ви се најважни, но во добри односи сте и со другите. Не сакате преголема блискост додека не стекнете доверба. Полни сте со љубов и постојано барате романтика. Еден сте од најверните партнери.

Хумор (17 јуни – 16 јули)

Вие сте знак кој може сè да доведе во прашање. Сите мораат да се прилагодат на вашите спротивности. Разумот и интуицијата ви работат сто на час, а вашите способности за прилагодување се бескрајни. Вашата насилна карактеристка е хуморот и го користите кога сакате некого да заведете.

Чувствителност (17 јули – 17 август)

Со овој закон владее Месечината, што го прави чувствителен и таинствен. Врзани сте за своите корени и најважно ви е семејството. Пријателите внимателно ги бирате. Се плашите да не бидете оставени од партнерот. Во љубовта сте интиутивни.

Непопустливост (18 август – 17 септември)

Сакате раскош и уживање. Барате многу но сте и верни. За вас парите се сржта на борба и не се откажувате додека не победите. Горди сте и не поднесувате рамнодушност. Не се откажувате додека не го освоите партнерот. Шармантни сте, но не и верни.

Ја следите својата мисија (18 септември – 17 октомври)

Строги сте и организирани. Секогаш сте точни и ја следите својата зацртана мисија. Многу сте чувствителни и не трпите неверство. Сметате дека заедничкиот живот треба да се круниса со брак кој се темели на верност.

Приврзаност (18 октомври – 16 ноември)

Многу сте друштвени и опкружени со пријатели. Овој знак е симбол на приврзаност и не сака прекини. Многу сте хумани и сакате удобни моменти.

Водена струја (17 ноември – 16 декември)

Со вашиот знак владее богот Шива кој уништува сè за да изгради подобро. Постојано сте во движење и никој не ја познава длабочината на вашата душа. Иако наизглед сте дрски, всушност многу сте понизни.

Оптимизам (17 декември – 14 јануари)

Оптимистични сте и полни со ентузијазам, сметате дека сте предодредени за најдоброто. Тоа е отежително за луѓето околу вас. Кога се работи за парите сакате да влегувате во ризици. Во љубовта сакате да ви се восхитуваат.

Симбол на трудот (15 јануари – 13 февруари)

Со вас ништо не е препуштено на случајот и секогаш поминувате низ тешкотии пред да ги остварите своите цели. Рано созревате, но кога ќе се осамостоите финаниски, се чувстувате исполнето.

Слобода (14 февруари – 14 март)

Ја почитувате својата, но и туѓата слобода и сакате и другите така да се однесуваат. Но во суштина сте конзервативна личност. Околу вас имате круг на пријатели кои ве штитат од животни опасности. Во љубовта сте срамежливи.

Воздржаност (15 март – 14 април)

Вашиот креативен талент има потреба да се изрази. Зад тоа се крие гордост и затоа ретко приоѓате, но затоа привлекувате. Љубовта ве храни па ако наидете на партнер кој ќе ве охрабри, ќе ги искористите своите адути за да успеете во животот.

Коментари

Популарно