Дали знаете што сте во индискиот хороскоп?

Индиската астрологија значително се разликува од западната.

Пронајдете ја особината која ве дефинира.

Амбиција (15 април – 15 мај)

Силната ментална сила ви помага успешно да го остварите замисленото, амбициозни сте и никогаш не попуштате. Изразената смисла за иницијатива ве турка меѓу лидерите, но ве привлекува сјајот па паѓате на најновите трендови.

Големо срце (16 мај – 16 јуни)

Ова е знак за комуникативност и умешност во изразување на јавноста. Не сакате немарност и површност. Најблиските ви се најважни, но во добри односи сте и со другите. Не сакате преголема блискост додека не стекнете доверба. Полни сте со љубов и постојано барате романтика. Еден сте од најверните партнери.

Хумор (17 јуни – 16 јули)

Вие сте знак кој може сè да доведе во прашање. Сите мораат да се прилагодат на вашите спротивности. Разумот и интуицијата ви работат сто на час, а вашите способности за прилагодување се бескрајни. Вашата насилна карактеристка е хуморот и го користите кога сакате некого да заведете.

Чувствителност (17 јули – 17 август)

Со овој закон владее Месечината, што го прави чувствителен и таинствен. Врзани сте за своите корени и најважно ви е семејството. Пријателите внимателно ги бирате. Се плашите да не бидете оставени од партнерот. Во љубовта сте интиутивни.

Непопустливост (18 август – 17 септември)

Сакате раскош и уживање. Барате многу но сте и верни. За вас парите се сржта на борба и не се откажувате додека не победите. Горди сте и не поднесувате рамнодушност. Не се откажувате додека не го освоите партнерот. Шармантни сте, но не и верни.

Ја следите својата мисија (18 септември – 17 октомври)

Строги сте и организирани. Секогаш сте точни и ја следите својата зацртана мисија. Многу сте чувствителни и не трпите неверство. Сметате дека заедничкиот живот треба да се круниса со брак кој се темели на верност.

Приврзаност (18 октомври – 16 ноември)

Многу сте друштвени и опкружени со пријатели. Овој знак е симбол на приврзаност и не сака прекини. Многу сте хумани и сакате удобни моменти.

Водена струја (17 ноември – 16 декември)

Со вашиот знак владее богот Шива кој уништува сè за да изгради подобро. Постојано сте во движење и никој не ја познава длабочината на вашата душа. Иако наизглед сте дрски, всушност многу сте понизни.

Оптимизам (17 декември – 14 јануари)

Оптимистични сте и полни со ентузијазам, сметате дека сте предодредени за најдоброто. Тоа е отежително за луѓето околу вас. Кога се работи за парите сакате да влегувате во ризици. Во љубовта сакате да ви се восхитуваат.

Симбол на трудот (15 јануари – 13 февруари)

Со вас ништо не е препуштено на случајот и секогаш поминувате низ тешкотии пред да ги остварите своите цели. Рано созревате, но кога ќе се осамостоите финаниски, се чувстувате исполнето.

Слобода (14 февруари – 14 март)

Ја почитувате својата, но и туѓата слобода и сакате и другите така да се однесуваат. Но во суштина сте конзервативна личност. Околу вас имате круг на пријатели кои ве штитат од животни опасности. Во љубовта сте срамежливи.

Воздржаност (15 март – 14 април)

Вашиот креативен талент има потреба да се изрази. Зад тоа се крие гордост и затоа ретко приоѓате, но затоа привлекувате. Љубовта ве храни па ако наидете на партнер кој ќе ве охрабри, ќе ги искористите своите адути за да успеете во животот.

Овие три знаци ги очекува невројатна среќа и голем успех во 2025 година

Познатиот руски астролог Павел Глобададе прогноза за 2025 година, чиј симбол ќе биде Зелената дрвена змија.

Тој смета дека овој симбол на годината ќе има поволно влијание врз претставниците на три хороскопски знаци, обезбедувајќи им исклучителни можности за раст и просперитет.

Овие знаци можат да бидат сигурни дека новата 2025 година ќе донесе сензационални промени во нивните животи, но и среќа и успех.

Рак

За Раковите новата година ќе биде период на финансиско изобилство и хармонични семејни односи. Експертот предвидува и среќна вест – проширување на семејството. Зелената дрвна змија му носи на Ракот нови можности за профит и великодушно ги наградува оние кои покажуваат упорност и работна етика. 2025 година ќе биде идеален почеток за градење стабилна финансиска иднина.

Лав

Новата година ќе им овозможи на Лавовите да станат вистински креатори на сопствената судбина. Од првите денови на 2025 година тие ќе одлучат да го променат својот живот, а во тоа ќе им помогне Змијата, ослободувајќи ги од сето она што било пречка за личниот раст: нездрави навики, рутинска работа и токсични врски. Глоба предвидува дека Лавовите би можеле да ја сретнат својата втора половина до крајот на годината, кои ќе станат нивна вистинска поддршка и столб на патот до успехот.

Девица

За Девиците, 2025 година на Зелената змија ќе биде волшебен период. Самодовербата и неисцрпната енергија ќе им отворат нови перспективи. Мистериозниот симбол на годината ќе им даде на Девиците способност буквално да поместуваат планини. Затоа Глоба ги советува Девиците храбро и бестрашно да ги прифатат новите предизвици, успехот ќе ги следи во се. Храбрата упорност ќе им овозможи на Девиците да стекнат корисни контакти и да започнат со ветувачки проекти кои ќе им го променат животот и на подобро.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска вашата енергија е на врвот, па ова е идеален ден за завршување на важни задачи. Фокусирајте се на деталите. Саканата личност може да ве изненади со нежен гест. Слободниот Овен го привлекува вниманието на личност од минатото. Се чувствувате силни, но внимавајте на наглите движења за да избегнете повреди.

Бик

Бикови, денеска е можна е неочекувана финансиска добивка. Бидете подготвени да ја искористите шансата. Денеска е вистинско време да разговарате за иднината на врската. Слободните Бикови може да ги контактира некој со кој имаат нерешена врска. Внимавајте на исхраната и внесувањето течности.

Близнаци

Близнаци, денеска сте креативни и имате одлични идеи. Споделете ги со вашите колеги. Комуникацијата со саканата личност е клучна. На слободните Близнаци им претстои интересен разговор со некој што ги заинтригира. Грижете се за грлото и избегнувајте ладни пијалоци.

Рак

Ракови, денеска е вистинско време да ги завршите старите обврски. Не ги одложувајте роковите. Семејната атмосфера носи мир и радост. Слободните Ракови можат да запознаат интересна личност преку пријателите. Вклучете се со физичка активност, како што се пешачење или јога.

Лав

Лавови, денеска имате можност да се истакнете во тимот. Вашиот напор ќе биде забележан. Привлекувате внимание каде и да се појавите. Во врската, саканата личност ве гледа како поддршка. Енергијата е одлична, но не заборавајте да се одморите.

Девица

Девици, прецизноста ви носи успех. Бидете внимателни кога потпишувате договори. Саканата личност може да бара поголемо внимание. Слободните Девици треба да се потпрат на интуицијата при донесување одлуки. Посветете се на релаксација за да го намалите стресот.

Вага

Ваги, балансирајте помеѓу тимската работа и сопствените идеи. Дипломатијата е ваша предност. Нагласена е хармонијата во врската. Слободните Ваги може да очекуваат да запознаат шармантна личност. Добро се чувствувате, но фокусирајте се на зајакнување на имунитетот.

Скорпија

Скорпии, денеска фокусирани сте на целите и лесно ги решавате предизвиците. Вашите напори вродуваат со плод. Интензивните разговори можат да донесат важни одлуки во врската. Слободните Скорпии треба да бидат внимателни со тајните. Внимавајте на варењето и избегнувајте тешка храна

Стрелец

Стрелци, можноста за напредување доаѓа преку соработка со искусни колеги. Бидете отворени за предлози. Денеска сте полни со оптимизам, кој го привлекува вниманието на саканата личност. На слободните Стрелци им претстои интересна средба. Одржувајте ја виталноста со лесни вежби.

Јарец

Јарци, трпението ви носи долгорочни резултати. Фокусирајте се на деталите.

Стабилноста во врската е нагласена, но не заборавајте на малите романтични гестови. Слободните Јарци треба да ги земат предвид минатите врски. Се чувствувате добро, но внимавајте на внесот на витамини

Водолија

Водолии, вашата оригиналност ги импресионира вашите претпоставени. Искористете го денот за креативни проекти. Саканата личност ја цени вашата спонтаност. Слободните Водолии можат да запознаат некого преку хоби или социјални активности. Се чувствувате добро, но обидете се да спиете повеќе.

Риби

Риби, интуицијата ви помага да донесете правилни одлуки. Верувајте му на вашето чувство. Емоционалната врска со саканата личност е посилна од вообичаено. Слободните Риби можат да остварат интересни познанства. Интуицијата ви помага да донесете правилни одлуки. Верувајте му на вашето чувство. Внимавајте на менталното здравје, посветете се на медитација.

Популарно