Автомобилот на инфлуенсерот Јован Радуловиќ – Јоџир синоќа по полноќ бил запален во населбата Забјело во Подгорица, а полицијата трага по сторителот, пишува црногорски „Вијести“.
Надзорните камери 20 минути по полноќ снимија машко лице, облечено во светла качулка како со торба во рака се приближува до „Голфот“ на Радуловиќ паркиран пред зградата, гледајќи ги регистерските таблички, а потоа го полева возилото со течност, палејќи го и бегајќи.
Од пожарот оштетени се уште еден автомобил паркиран до тој на Радуловиќ, и станот во приземјето на зградата.
Инспекторите на подгоричката полиција и вештачење за пожари, експлозии и несреќи синоќа спроведоа истрага, а за настанот е известено и Основното државно обвинителство.
„БМВ“ на Радуловиќ беше запалено и во март 2021 година, но полицијата се уште не го расветлила тој случај.