ЈО предложи притвор за скопјанецот кој се обиде да го запали албанското знаме во Центар во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 02.12.2024 година, во вечерните часови,се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Коментари

Популарно