Скопје доби ново место за вежбање - Идеално за сите со проблеми со зглобовите!

Новиот фитнес центар има и значително повеќе простор за паркирање на возилата на членовите, а направени се и паркинг места за велосипеди. Основната цел на тимот на ATG е да се создаде една удобна фитнес зона за сите кои вежбаат и го поминуваат времето во фитнес центарот.

ATG Macedonia отвори нов фитнес – центар во Хром, на улица „Воин Драшковиќ“ (кај автобуската постојка на последна 4-ка). Станува збор за поголем простор и современо опремен центар, кој овозможува задоволување на фитнес потребите на нашите членови, рекреативци и спортисти.

На овој начин, ATG Macedonia отвора ново поглавје во своето работење. Новата сала го зголемува капацитетот за прием на нови членови, а го подобрува и квалитетот на вежбање за сите Вас. Нашите тренери остануваат 100% посветени кон реализацијата на Вашите цели, надминување на повреди, подобрување на перформанс, намалување на килограми, зголемување на мускулна маса и сл.

Иако новата сала веќе активно работи и сите членови можат да ја користат, официјалното отворање на истата ќе биде на 10 декември (вторник), од 18:00 часот. Имено, тимот на ATG Macedonia ги поканува сите свои членови, партнери, соработници и поддржувачи да присуствуваат на отворањето, кое ќе се одржи во новите простории, во Хром, на улица „Воин Драшковиќ“ (автобуска постојка на последна 4-ка).

Отворањето ќе има мултимедијален карактер и динамична програма. Предвидено е обраќање на сопствениците на ATG Macedonia, како и видео порака од Бен Патрик од Америка – основачот на ATG системот на вежби. Дополнително, ќе се обратат и дел од членовите на фитнес центарот, а планирано е и претставување на различни брендови кои произведуваат здрави производи.

Всушност, отворањето на новиот фитнес центар ќе ги застапува основните вредности по кои функционира ATG заедницата во целост: здрав и балансиран начин на живот, одговорност, пријателство и создавање квалитетни и одржливи врски.

Сите заинтересирани лица можат да вежбаат ATG на две локации:

Хром, ул. „Воин Драшковиќ“ (автобуска постојка на последна 4-ка);

„Палестра“ фитнес центар во East Gate Mall;

Достапна е можноста и за ATG онлајн вежбање, каде што имате повеќе програми, кои ги изведувате под надзор и совет на ATG обучен тренер, а на локација која Вас ви одговара.

Посетете ја веб – страницата: https://atgmacedonia.com/ и заследете ги ATG на официјални профили:

Facebook и Instagram.

Коментари

Популарно