Финансиска полиција: Екс директорот на државна лотарија проневерил 8 милиони евра

Управата за финансиска полиција, соопшти дека генералниот директор во Државна лотарија, Прпарим Бајрами го оштетил буџетот за 501.319.119 денари.

Од Финансиската полиција велат дека Бајрами иако бил свесен и знаел дека АД Државна Лотарија не располага со право за приредување електронски и интернет игри на среќа, донел одлука за спроведување на јавна набавка на најмногу 1100 видеолотариски терминали со периферна опрема, од кои во текот на 2024 година набавил 825 видеолотариски терминали.

„Со оваа постапка, П.Б. го оштетил буџетот на Друштвото во вкупен износ од 501.319.119 денари, при што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија“, велат од Финансиската полиција.

Според информациите, Бајрами не е достапен за органите на прогонот.

Коментари

Популарно