Мицкоски: Ќелијата подготвувала терористички напади, заедно со партнерите ја неутрализиравме

Христијан Мицкоски, македонскиот премиер вечерва во интервју во Клик плус на ТВ21 зборуваше за разбиената терористичка група на подрачјето на Гостивар и Струга.

Мицкоски рече дека ќелијата подготвувала терористички напад, не само во земјата, туку и пошироко, и дека била разбиена заедно со партнерите.

„За оваа ќелија постоеше основано сомнение дека се подготвуваат напади кои имаат цели во државата, би рекол терористички напади, и ова е една од многуте ќелии кои се активни во регионот. Но таа е сега обезбедена и елиминирана барем кај нас. Претпоставувам дека другите држави ќе бидат оперативни во деновите кои следат и ќе ги елиминираат. Заедно со нашите партнери ја неутрализиравме“, рече Мицкоски.

Коментари

Популарно