Утре ден на жалост во Загреб поради трагедијата во училиштето

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, го прогласи утрешниот ден за ден на жалост на подрачјето на градот поради трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште „Пречко“, соопштија од Градот.

Денот на жалост ќе биде одбележан со спуштање на знамињата на половина копје и истакнување црни знамиња.

На денот на жалост нема да има забава, а музиката што ќе се пушта на јавни места треба да биде соодветна за тој повод. Правните лица што вршат телевизиска и радиодејност на подрачјето на градот Загреб треба да ги приспособат своите програми за одбележување на денот на жалост, соопштија од Градот.

Коментари

Популарно