ВИДЕО: Интересна божиќна фудбалска приказна: Голман 15 минути стоел сам во магла

Колку и да звучи неверојатно, на денешен ден се случи една од најлудите сцени во историјата на фудбалот кога голманот Сем Бартрам помисли дека играта уште е во тек, иако беше прекината многу порано поради магла.

За време на студениот Божиќ во 1937 година се одиграл еден од најлудите натпревари во историјата на англискиот и светскиот фудбал. По тој повод, Челси и Чарлтон се сретнале на Стемфорд Бриџ, во мало градско дерби, а маглата им направила големи проблеми на играчите.

Кога видливоста на теренот била целосно загрозена, голманот на „Чарлтон“ Сем Бартрам се најшол во необична ситуација.

Иако судијата го прекина натпреварот поради лошите услови, Бартрам останал неподвижен меѓу стативите од голот на Чарлтон, мислејќи дека натпреварот сè уште се игра. Голманот не бил свесен дека другите играчи и официјални лица одамна се повлекле во соблекувалната.

Бартрам на тој начин стана легендарна фигура на англискиот фудбал. Тој немаше поим дека играта е прекината и продолжи да стои сам во шеснаесетникот чекајќи нешто да се случи на теренот.

Голманот дури сфатил дека играта е прекината кога налетал полицаец и зачудено го прашал што прави тука.

„Што побогу правиш овде? Натпреварот заврши пред 15 минути. Стадионот е целосно празен", го прашал полицаецот голманот Бартрам, а откако стигнал до соблекувалната, херојот на оваа неверојатна приказна се нашол на мета на шеги и аплаузи од неговите соиграчи.

Овој инцидент брзо стана дел од фудбалскиот фолклор и се прераскажува речиси 100 години подоцна, и засекогаш ќе остане еден од најнезаборавните детали во фудбалската историја.

Во меѓувреме, Бартрам имаше фантастична кариера која траеше две децении и го етаблира како еден од најдобрите голмани во Англија. За Чарлтон бранеше на дури 623 првенствени натпревари.

Коментари

Популарно