ВИДЕО: Интересна божиќна фудбалска приказна: Голман 15 минути стоел сам во магла

Колку и да звучи неверојатно, на денешен ден се случи една од најлудите сцени во историјата на фудбалот кога голманот Сем Бартрам помисли дека играта уште е во тек, иако беше прекината многу порано поради магла.

За време на студениот Божиќ во 1937 година се одиграл еден од најлудите натпревари во историјата на англискиот и светскиот фудбал. По тој повод, Челси и Чарлтон се сретнале на Стемфорд Бриџ, во мало градско дерби, а маглата им направила големи проблеми на играчите.

Кога видливоста на теренот била целосно загрозена, голманот на „Чарлтон“ Сем Бартрам се најшол во необична ситуација.

Иако судијата го прекина натпреварот поради лошите услови, Бартрам останал неподвижен меѓу стативите од голот на Чарлтон, мислејќи дека натпреварот сè уште се игра. Голманот не бил свесен дека другите играчи и официјални лица одамна се повлекле во соблекувалната.

Бартрам на тој начин стана легендарна фигура на англискиот фудбал. Тој немаше поим дека играта е прекината и продолжи да стои сам во шеснаесетникот чекајќи нешто да се случи на теренот.

Голманот дури сфатил дека играта е прекината кога налетал полицаец и зачудено го прашал што прави тука.

„Што побогу правиш овде? Натпреварот заврши пред 15 минути. Стадионот е целосно празен", го прашал полицаецот голманот Бартрам, а откако стигнал до соблекувалната, херојот на оваа неверојатна приказна се нашол на мета на шеги и аплаузи од неговите соиграчи.

Овој инцидент брзо стана дел од фудбалскиот фолклор и се прераскажува речиси 100 години подоцна, и засекогаш ќе остане еден од најнезаборавните детали во фудбалската историја.

Во меѓувреме, Бартрам имаше фантастична кариера која траеше две децении и го етаблира како еден од најдобрите голмани во Англија. За Чарлтон бранеше на дури 623 првенствени натпревари.

Пејачка пред неколку недели посвои дете, а сега дозна дека е бремена: Шокирана сум

Британската пејачка Џош Стоун ги изненади своите фанови со веста, а и самата остана шокирана кога дознала дека ќе има уште едно дете. Таа и нејзиниот сопруг Коди Далуз имаат уште две деца, Вајолет и Шеклтон.

Џош ја сподели радосната вест на Инстаграм, откако неодамна изјави дека сака да има седум деца.

Пејачката сподели видео направено од неколку фотографии на кое покажа колку била шокирана кога дознала дека е бремена.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Joss Stone (@jossstone)

- Искрено, потценување е да се каже дека сум во шок. Ништо и никој сега не може да ни ја одземе радоста. Ние сме толку воодушевени! Можеби турнејата 'Less is more' треба да ја наречеме турнеја за трудници - напиша таа со видеото.

Претходно овој месец, Џош и нејзиниот сопруг открија дека посвоиле син, а потоа споделија видео од моментот кога Виолет и Шеклтон го запознале нивниот брат на Денот на благодарноста.

- Среќен понеделник, мамо. Ова ни се случи минатиот понеделник. Не можеме баш да веруваме. Многу сме заљубени во овој малечок – напишала тогаш. Во истиот пост таа зборуваше и за тоа како и нејзиниот сопруг бил посвоен бидејќи неговата биолошка мајка му направила план за посвојување и дека истото го направила и биолошката мајка на Бер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Joss Stone (@jossstone)

- Искрено, биолошките мајки не ја добиваат благодарноста што ја заслужуваат. Тоа е најнесебичната љубов што постои. Навистина. Многу сме среќни што сме дел од овој прекрасен циклус. Ве молиме споделете ги вашите приказни за посвојување во коментари доколку имате такви. И ве молам, добредојде на нашето прекрасно момче во овој прекрасен свет – рече таа.

Инаку, Џош и Коди се сретнале на аеродромот во Бејзе во 2020 година, кога таа се враќала од настап на Антарктикот. Тие се венчале минатата година, а истата година почнале и со процесот на посвојување.

Сакате божиќни филмови? Најдобриот избор според секој хороскопски знак

Секој хороскопски знак има свој уникатен карактер, па логично е дека и божиќните филмови кои најмногу ги сакаат ќе бидат различни. Некои уживаат во класичната комедија, додека други избираат филмски драми со подлабоко значење.

ве листа на божиќни филмови кои одговараат на секој хороскопски знак.

Овен: Home Alone (Сам дома)

Овнот сака енергични и возбудливи филмови. „Сам дома“ со Кевин, кој се бори со несмасните крадци, е совршен за Овнот – брз и полн со акција!

Бик: The Grinch (Гринч)

Биковите ја ценат удобноста, луксузот и традицијата. Гринч носи се – магичната атмосфера, семејната динамика и празничната хармонија што им е драго.

Близнаци: Love Actually (Всушност, љубов)

Близнаците сакаат приказни со многу ликови и емоционална длабочина. Love Actually, со своите разновидни љубовни приказни и комични моменти, е совршен за нивниот разновиден карактер.

Рак: The Family Stone (Семејниот камен)

Ракот е семеен знак, а Семејниот камен зборува за семејните односи, помирувањата и љубовта, кои ќе го допрат секој Рак.

Лав: A Christmas Carol (Божиќна песна)

Лавовите сакаат драма и карактеристични ликови. „Божиќната песна“ во која било верзија, од класична до модерна, е совршена за Лавовите бидејќи ја отсликува трансформацијата и важноста на семејните вредности.

Девица: The Polar Express (Поларниот експрес)

Девиците се прецизни и бараат хармонија. The Polar Express, со прекрасните визуелни елементи, темата за верување и имагинативниот воз, ќе биде совршен за нивниот перфекционизам и потрага по убавина во малите нешта.

Вага: The Holiday (Одмор)

Вагите сакаат љубовни приказни, особено кога станува збор за промени, нови почетоци и романса. Овој филм со две жени кои разменуваат куќи и срца, е одличен филм за нивната љубов и естетски вкус.

Шкорпија: Крампус

Скорпиите ја сакаат потемната страна на животот и мрачната комедија. Крампус е совршен за нивниот карактер бидејќи комбинира хорор, божиќна атмосфера и забава.

Стрелец: Елф

Стрелецот сака хумор, авантура и оптимизам. Елф е филм кој го дава токму тоа – смешен хумор, добрина и неверојатна енергија, но и патување во Њујорк!

Јарец: It’s a Wonderful Life (Животот е прекрасен)

Јарците ја ценат сериозноста и семејството, а Животот е прекрасен дава длабоки пораки за животот, семејството и љубовта, што е токму она што Јарецот го бара.

Водолија: Jingle All the Way

Водолиите сакаат необични и смешни филмови кои ги прекршуваат правилата. Jingle All the Way е урнебесна комедија која се занимава со консумеризмот и несмасноста на главните ликови.

Риби: The Nightmare Before Christmas (Ноќта пред Божиќ)

Рибите се креативни, емотивни и имагинативни, а The Nightmare Before Christmas е совршен филм за нив. Не само што е визуелно фасцинантен, туку нуди и длабоко емотивна приказна за љубовта, пожртвуваноста и само-развојот.

Сите овие божиќни филмови совршено го отсликуваат карактерот на секој хороскопски знак. Без разлика дали сакате комедија, романса, авантура или драма, магијата на Божиќ сигурно ќе ве плени – само изберете го филмот што најдобро ја отсликува вашата личност!

Популарно