Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно

Службата за општи и заеднички работи на Владата во моментов врши анализа на условите за изградба на втората фаза на жичарницата на Водно која би требало да тргне од Капиштец и да се спои на средно Водно со линијата која е веќе во функција. Истовремено, оттаму додаваат дека се анализираат и условите за доградба на двете згради за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура кои повеќе години стојат недопрени во дворот на скопскиот универзитет.

Директорот Ивица Томовски вели дека  затекнати се запуштени објекти сопственост на државата и се преземаат активности за надминување на состојбите.

Како што информира СОЗР, направен е анекс на проектот за реконструкција на Палатата АСНОМ, се преземаат мерки за заживување на комплексот „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници.

Оттаму додаваат дека за годината што следи, воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивните патувања во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.

Коментари

Популарно