Се судрија камион и „бмв“ на патот Куманово-Свети Николе, има повредени

Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајка што се случила вчеравечер кај месноста викана Овче Поле, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

- На 10.01.2025 околу 20 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе-Овче Поле, кај место викано „Оранжерии“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Ц.(39) од Свети Николе и товарно возило „фиат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.Т.(63) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.Т. и неговиот сопатник С.К.(58) од Р.Србија, констатирани во Клиничката болница Штип, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе. 

Коментари

Популарно