Вчера среде бел ден околу 16 часот гупа од неколку малолетни вандали го демолирале специјалниот метален контејнер наменет за складирање на токсичен отпад од батерии, акумулатори и делови од расипани електронски уреди, кои не смеат да се мешаат со обичниот отпад и мораат соодветно да се одложат и складираат со посебна процедура поставен на плоштадот „Делфина“ во Влае.
Како што пренесува „Курир“ ова не е прв пат ваков вандалски чин да се случува на овој плоштад. Урбаната опрема станува мета на посебно во летниот период кој наместо тоа место да им биде за забава и релаксација тие решаваат своите фрустрации да ги истурат врз урбанат опрема поставена од страна на општината, па дури се корнат и бекатон плочки. Мета на вандалите било и игралиштето за деца со посебни потреби, донација од Холандската амбасада вредно десетици илјади евра.
Жителите од околината велат дека спасот е или во чуварница или полицијата почесто да патролира во тој дел на градот.