Премиерно првата епизода од поткастот "НА КАДЕ ОДИМЕ"

Чест ни е да ја најавиме првата епизода од подкастот "НА КАДЕ ОДИМЕ" – нова платформа за инспиративни разговори со успешни луѓе од нашето опкружување! 🎙️✨

Во оваа прва епизода, со задоволство ви го претставуваме Дејан Маџоски, директор за човечки ресурси во НЛБ Банка. Ќе разговараме за неговото професионално патување, но и за актуелни економски теми како што се инфлацијата и нејзиното влијание врз пазарот на трудот. Ќе слушнете споредби помеѓу различни банкарски системи, како и увид во тоа како финансиските институции се справуваат со економските предизвици.

Доколку барате инспирација, мотивација и вредни совети, тогаш "НА КАДЕ ОДИМЕ" е вистинското место за вас! Ова не е само подкаст – ова е простор за учење, споделување и охрабрување да направите чекор кон вашите соништа.

Останете со нас – ова е само почеток!
Следете нè и подгответе се за уште многу инспиративни приказни од водечките професионалци!


Целиот поткаст можете да го погледнете и на нашиот канал на Spotify - "НА КАДЕ ОДИМЕ"

Коментари

Популарно