Во новата епизода на поткастот „На Каде Одиме“, зборуваме со Ана Салтирова Давидовски – основачка на Личен Избор, авторка, NLP тренер и коуч, тренер за личен раст и искусна HR професионалка со повеќегодишно искуство во работење со луѓе и организации.
Разговорот го посветивме на теми што сè почесто добиваат значење и во професионалниот свет – личниот развој, NLP методологијата и работата на себе како дел од успехот на еден тим или компанија. Ана ни раскажа како изгледа процесот на воведување на вакви алатки во компании, каков е интересот, каде има отвореност, а каде уште постои скепса.
Преку искуства од своите проекти, Ана даде перспектива за тоа како се гради свесност, какви прашања најчесто си поставуваат луѓето кога започнуваат со личен развој, и како компаниите реагираат кога ќе почнат да се отвораат вакви разговори – од поефективна комуникација, до поддршка во лидерството и мотивацијата.
Во епизодата ќе слушнете и конкретни совети за оние што сакаат да направат промени – било да се индивидуалци кои сакаат да работат на себе, или компании кои сакаат да внесат нова енергија во своите тимови.
🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify каналите на KARIERA.mk.